Monday, October 21, 2019

упсс...

Одамна немам постирано. Не дека немам ништо прочитано, напровтив, многу читав. Но едноставно немав желба да напишам нешто тука. А, да бидам искрена и малку го подзаборавив блогов.
Паа, ќе почнам од почеток. Веројатно ќе почнам на англиски да пишувам who knows, ама како и да е можеби и целосно ќе го избришам блогов ако решам дека ми е смучено. Ионака никој не го чита, а и општо, кој би го интересирал да чита, зарем не. Понекогаш се чувствувам како единствената која сака да чита волку многу книги и како да нема никој толку passionate колку мене и тоа е глупо. Јас се чувствувам глупо. Немам со кој да дрндам за книги. А за да ги натерам моите другарки да читаат морав да направам „клуб„ каде што ако не ја прочитаат книгата за одредено време ќе мораат да ми купат сладолед. Колку е само тоа депресивно. Претпоставувам, дека поентата на ова ми е само да си напраав мал rant за тоа како ми фалат bookish friends кои се опсесираат со книги.
Again, не дека некој ќе го чита ова.
Епа ако случајно некој го затекне поустов нека има убав ден, или ноќ или whatever
- Маша