Добро Размисли
Сара Млиновски
*Ова е втор дел. Првиот дел е наречен И не помислувај на тоа. Но лесно е да се разбере содржината и без да се прочита првиот дел (како што јас не го имам прочитано)*
Опис:
(преведено од српски)
Има ли нешто полошо од неочекувани телепатски моќи додека си средношколец? Да, полошо е кога како средношколец владееш со телепатија, а потоа ќе ја изгубиш.
Бевме само обични тинејџери во Њујорк. А потоа, во втора година средно, добивме грип од кој развивме телепатски моќи. Да, телепатија. Можевме да читаме мисли, а тоа и не беше секогаш пријатно.
Пробавме да ги скриеме нашите телепатски моќи од сите, но вестите полека се ширеа додека не знаеја сите за нашите натприродни способности. Професорите, пријателите, Њујорк пост. Бевме ѕвезди. Имавме дури и свои фанови.
Сега сме матуранти, и сите имаме планови за после матура кои ја вклучуваат нашата телепатска моќ.
Кога еден по еден ќе почнеме да ја губиме телепатијата, знаеме дека мораме нешто да превземеме. И тоа веднаш. Со помошта на најпаметниот ученик би требало тоа да е лесно пред да е прекасно, така? Или ќе биде потребно повторно да се научиме да живееме без нив.
Мојот overall rating:
5/5 ѕведички
Забелешки:
*spoilers ahead*
Книгата започнува со мејл од Сузана Дејл која подоцна се открива дека е наставничка на одделението со телепатија. Во мејлот се спомнува некаква операција Дијамант. А подолу се наброени дваесет личности, ученици со телепатија од средното учулиште Блумберг. За секој ученик се напишана по неколку реченици со кои не запознава со карактерот на ликот. И кај сите е забележано дека Дејл не ги препорачува за таа операција поради одредени причини. Освен кај Поли Јамаура (Пи) која е препорачана за тој проект.
Е сега, иако ние не знаеме за што станува збор или за каде се или не се препорачани учениците ова беше корисен податок поради тоа што не запознава со ликовите во книгата. Секако и со овие податоци за нив, ми беше тешко да ги запамтам имињата и карактерите на 20 различни тинејџери. Но да, овој вовед помогна.
Исто така на почетокот од книгата, т.е. првата глава има како краток backstory за што се случило во претходната книга, како ги добиле моќите и се тоа. Корисно, за оние кои ја немаат прочитано првата книга. И уште еден корисен елемент на почетокот како нешто битно за вовед е тоа што се спомнати идните плановите на сите невообичаени.
Авторката многу ја бива во пишување и смислување интересни дијалози. Посебно ми се допаѓаа разговорите помеѓу сите со телепатија кои ги водеа во нивните глави. Каде што цело време сите се мешаа и можеше да се слушне се што мислат другите, важно или неважно за темата на разговор. А се смеев многу и кога погрешка ќе ги прочитаа мислите на наставниците или на непознати луѓе затоа што нивните мисли понекогаш се толку рандом а комични. И секако не секогаш она што сакале да го слушнат.
А како работи телепатијата е многу интересно поради тоа што кога некој носи очила со затемнети стакла не можеше да му ги прочитаат мислите, а кога носи очила со диптрија можеа да му ги слушаат уште појасно и со затворање на очите се прекинува врската. Ова секако не е вообичаено како би замислиле да е телаптска моќ. Многу креативно. Браво.
Џордана беше прва која ги изгуби моќите и беше потенцирано дека ги изгубила поради голема и силна главоблка. Секако ова ме натера да си размислам што би можело да ги предизвика главоболките и губењето на моќите. А малку се разочарав кога никогаш не се потенцираше овој очигледно важен податок со главоболките.
Да продолжиме. Раскажувачот кажа како на почетокот 24 ученици добиле телепатија. Па зошто тогаш се 20 сега? Епа подоцна и тоа беше адресирано, дека останатите четворицата или ги изгубиле моќите поради дрога/лекови или своеволно се откажале од нив.
Кога ја купив книгата си помислив дека можеби целата книга ќе биде посветена само на телепатијата и како да се поврати, што би можело да биде интересно, но и многу досадно. Е авторката добро постапила што книгата не беше единствено фокусирана на тој проблем, туку раскажуваше и ги следеше животите на неколку од тие тинејџери. Не сите, секако затоа што 20 деца е голем број, но неколку. Седуммина да речеме. И тоа ми се допадна затоа што во оваа научно фантастична книга имаше и елементи од тинејџерскиот живот и проблемите со кои се соочуваат.
Големо прашање при читање на книгата ми беше кој е нараторот. Затоа што очигледно тој/таа беше еден/а од учениците со телепатија, поради тоа што кога збореше за нив во множина користеше зборови како ние и наше. А немаше некој невообичаен за кој не збореше во трето лице. Па си реков ќе треба оваа мистерија да почека до крајот на книгата за да се разреши. И за среќа на крајот дознавме кој е нараторот - Брин. Девојката која се облака чудно, сака мечување и јаде многу банани. Но повеќе за неа подоцна.
Е сега да се фокусираме на наголемиот проблем - знаев дека Пи (најпаметната од одделението од која побараа помош) нема да успее на сите невообичаени да им ги спаси моќите и покрај тоа што многу ќе вложи во експериментот. И тоа иако беше малку тажно, беше реалистично и не како во некои книги каде на крајот сите ќе се спасат и се ќе биде добро и ќе имаат среќен крај.
И уште малку како за крај. Знаев дека Купер и Оливија нема да издржат заедно до крајот, а ги ship-нував Пи и Џон и јееј тој ship успеа. Иако имав теорија дека барем неколкумина ќе си ја спасат телепатијата, а меѓу нив да е и Пи, тоа не се случи. Напротив и последните петмина кои останаат со телепатија ја изгубија за време на мутрската вечер. Секако иако повеќето и без моќи се придржија на првобитните нивни планови, некои како Пи која се откажа од Дијамант, или Џордана која се откажа од сонот да има ријалити шоу направија мали, или, поголеми промени во плановите.
А да не збориме за Брин, која испадна да е раскажувачот. Да, Брин. Токму онаа за која скоро ништо не знаевме сем тоа дека е чудна и јаде многу банани. Ова само по себе беше зачудувачки, па уште кога кажа дека си ја зачувала моќти и дури и седум месеци после матурата ја имала телепатијата посилна од било кога. На момент си помслив дека писателката направила грешка. Памтев дека на крајот пишуваше дека сите до еден ја изгубиле телепатијата. Па што е ова? Грешка? Или можеби лошо сум прочитала. Но се навратив, и токму во 27 поглавје пишува: (преведено од српски) „Брин ни ја соопшти веста на матурската вечер, но ништо не сакаше подробно да раскаже..." и „со црниот фустан носече очила са сонце со мачкаст облик - „ако јас неможам да ви ги читам мислите, неможе ни вие на мене„" Значи всушност излажала, и затоа не скала да и ги прочитаат мислите дека лаже и не сакала да раскаже како ји изгубила поради тоа што НЕ ЈА ИЗГУБИЛА. И причината поради која си ја спасила телепатијата е нај неверојатен. Поради бананите. Да, така е, калиумот во бананите и ја спасиле телепатијата а сите други витамини и суплементи кои ги пиела само и ја појачале. Basically можела да слуша на далечина (секаде низ светот поточно), да слуша преку ѕидови, да им наредува на луѓето со тоа што ќе им насади наредби во главата и да овозможи преку неа да разговараат телепатски и обични луѓе. И се ова поради бананите која „ги грицкала како да се чипс„ (е оваа фраза морам некогаш да ја искористам). Нај неверојатен крај. Вакво нешто никогаш не би ми текнало. А уште па тоа дека станала шпион во Дијамант каде всушност Пи требаше да биде шпиун.
Уф, wow каква книга. И покрај смешниот неочекуван крај (кој всушност премногу ми се допадна) беше altogether одлична книга. Од дијалозите, па мислите на луѓето, целата таа телепатија и како све тоа работи, нивните проблеми покрај губење на моќите, па до експериментот и крајот. Јас сум фасцинирана.
Дали ја препорачувам да ја прочитате ако сеуште не сте? Hell yes.
А ако имате некои свои мислења за книгата кои се различни од моите, некои теории или објаснувања или работи кои сум пропуштила да ги спомнам оставете коментар или пак пишете ми на инстаграм во dms и слободно препорачајте ми некои книги ако имате затоа што секогаш барам нови книги за читање.
Instagram: https://www.instagram.com/milicavanilica13/
No comments:
Post a Comment