Марта
Горјан Петревски
Мојот overall rating:
2/5 ѕвездички
Забелешки:
*spoilers ahead*
Долго време посакував да ја прочитам книгата откога наставничката ни ја зададе како лектира. Од тоа што имав слушано за неа беше интересна со невообичаени тинејџерски содржини кои никогаш до сега не сум ги сретнала во лектири. И секако лектирите се најчесто досадни, но оваа посебно ме заинтригира уште кога ги прочитав првите неколку страници. И не беше до пишувањето и стилот, (на што ќе искоментирам подоцна) туку до самата приказна и plot-от во книгата.
Ако некој не е запознаен со темите опфатени во ова прекрасно литературно дело, како поважен проблем е прашањето кој и е татко на Марта, убаво девојче, израснато само од нејзината мајка, Бисера. Потоа следи еден од попатните проблеми - Борко, другарот на Марта кој е вљубен во неа и пробува да и помогне да го најде татко и. А исто така важна улога во книгава има и Витан, наречен Витез, кој пробува да и го фати вниманието на згодната Марта. Но, Витез е познат по својата репутација на срцекршач и Борко тоа многу добро го знае. И Марта не е заинтересирана во момчето со моторот, но по една случка, кога ќе биде обиколени од некои постари момчиња со лоши намери Витез, ќе се покаже вистински Витез на бел коњ и ќе ја спаси Марта, која ќе најде утеха кај нејзиниот спасител. За жал, Витан не е ништо повеќе од измамник, затоа што момчињата кои сакале да ја нападнат Марта биле неговите другари, дел од неговата банда.
И до тука се беше нормално, ништо неочекувано. Мислам, нели, како за во лектира за осмо. Ама ете потоа стасува до делот кога Марта и Борко ќе се искараат, Витан ќе го претепа Борко и ќе ја земе Марта кај него дома. Притоа, со план во ум, да има секс со Марта (во лектира да има вакво нешто? Да. Еве баш во Марта е споменато силувањето). Секако малата Мартичка, кија е an oblivious little shit, не знае што и се спрема. Кога го одбива Витез тој со сила пробува да ја соблече се додека Марта не успее да се извлече и избега.
Но Марта не е комплетно спасена. Дома ја чека една многу налутена мајка која не е задоволна од однесувањето на Марта во последно време. И тука се појавува нешто уште пострашно од силување. Самоубиство.
Да, така е. Марта ќе биде толку разочарана во себеси, па ја донесува прекрасната одлука да си ја исече косата, да напише писмо до Борко и да набута различни апчиња, притоа заклучувајќи се во својата соба. Мајката ќе ја најде Марта со пена во устата и ќе викне амбуланта. Девојчето завршува во болница спасена од смрт и така све тоа татко и доаѓа затоа што Борко помогнал да го најдат и сите живеат среќно до крајот на животот.
Проблемот со книгата беше ужасниот начин на пишување и селекција на зборови. Знаете како во некои книги авторот пробува да биде relatable и модерен и го користи вокабуларот на модерната генерација. Само што обично нивните вокабулари се полни со пцовки и непристојни зборови. Секако тоа не може да се содржи во една литературна книга од македонски автор напишана во 1989 година па мора да се направат неколку промени со тоа што ќе звучи како тинејџерски, уличен говор. Ама и тоа не беше најлошото. Туку нели во некои книги ставаат наводници на одредени зборови како на пр: „"Спасителот" на Марта ја одведе до паркчето кое му беше вообичаеното место за излегување.„ Е незнам за вас, но кога јас читам во себе секако, ја менувам интонацијата при читање различни реченици. Па природно, при читање на нешто во наводници го акцентирам целиот збор на некој чуден начин (не можам да го објаснам). И тоа не ми е проблем. Но оваа книга имаше тоооооооолку мноооооооогу вакви зборови во наводници. Беше толку obnoxious. И незнам дали тоа е некој мој личен проблем, или навистина и други луѓе ги живцира. Но поради ова книгата на моменти стануваше неподнослива, до толкав степен, што ми одеше да ја искинам.
И озбилно, да не беше толку лошо напишана, можеби и ќе и дадев 3 ѕвезди.
Anyways книгава ја прочитав пред некое време и веќе долго време сакам на напишам post за неа. А после тоа причитав и уште една книга која ме чека за review. Ама тоа не е битно сега. Но, навистина незнам дали вреди да се чита Марта, освен како лектира за школо. И покрај невообичаената приказна која не беше толку лоша, книгата ме живцираше и ми одеше на нерви.
Дали ви ја препорачувам книгата да ја прочитате? Не баш. Посебно ако имате кратко трпение како мене и имате проблем со македонски книги.
А кога сме веќе кај лоши македонски книги, ако сакате лоша македонска тинејџерска литература најдете ја „Супер Девојче„ од Томе Арсовски. Можеби и ќе се решам да ја прочитам некогаш пак за да напишам нешто за неа.
Како и да е, ако сте ја прочитале Марта и сакате да дискотирајте, слободно коментирајте што мислите за книгата или пишете ми на Instagram и оставете ми некои предлози за следна книга. Во моментов ништо не читам и со задоволство би прифатила некоја препорака.
Instagram: https://www.instagram.com/milicavanilica13/
No comments:
Post a Comment