Прераскажување на лектира
"Бојан" - Глигор Поповски
Романот "Бојан" е напишан во два дела, во кои се опишани авантурите на момчето во текот на зимскиот и летниот распуст и деновите поминати во планинската колиба на својот дедо.
Првиот дел го опфаќа зимскиот период кога Бојан оди кај дедо Димо за да се грижи за колибата, додека тој оди во село. Така, момчето е оставено само, со упатства и задачи; да ја храни редовно стоката, да ги пушти да се прошетаат, да ги храни кучуњата, да го потпалува огнот. Додека пак, во слободното време тој ужива во планинскиот живот. Така тој решава да го посети дедо Иван, но при враќање почнал да паѓа снег. Сепак, снегот кој напаѓал во текот на ноќта, блокирајќи го патот од селото до колибата не е единствениот проблем со кој Бојан се соочува. Во меѓувреме, навечер го демнат волци, момчето не може да ја најде дедовата пушка, а дедо Иван престанал да му одговара со пукотот на својата пушка, при што Бојан многу се вознемирил. Момчето ги минува деновите во страв, а еден период тој се буди и со треска поминувајќи ги така деновите во кревет.
Но, Бојан е храбар и вреден, издржлив, па конечно ќе го дочека топењето на снегот. Со волците јуначки ќе се избори неговото куче Караман, кое, за жал потоа умира. Дедо Иван, на кој му избил пожар во куќата останува жив и здрав и момчето се враќа дома во селото, носејќи ги со себе сите авантури од таа зима.
Во вториот дел, Бојан повторно оди во колибата на дедо му, овој пат за време на летниот распуст. Но, момчето и дедото ќе имаат гости на планината; двајца археолози (доктор Коста и инжинер Александар) со своите деца - Елена и Денко. Бојан веднаш ќе се спријатели со децата од градот кои дотогаш не биле на планина. Задачата ова лето му е да им покаже на своите нови другари како е да се живее на планина, што се прави во слободното време и секојдневните обврски. Заедно со Денко ја шетаат планината и учат за историјата на тоа место, ќе ја спасат малата Иринка од давење и ќе се искачат на Орелска Чука. Додека пак, со Елена ќе отидат да земат ново кученце кое ќе ѝ прави друштво на Стрела, ќе берат цвеќиња и ќе плетат венци и си играат со светулките на ливадата.
Но, како се ближи крајот на летото се ближи и крајот на нивната забава. Елена и Денко заминуваат, ветувајќи дека следното лето повторно ќе дојдат да ги посетат Бојан и дедо му. Но, момчето неможе а да не тажи по заминувањето на Елена и повторно ја искачува Орелска Чука, каде овојпат и преспива, онака, од тага и лутина. Потоа, тој и Елена почнуваат да си разменуваат писма и разгледници, останувајќи во контакт и кога летото ќе заврши.
Како заклучок, овој роман ги опишува авантурите на едно момче и животот на планина, како што и ја поттикнува независноста кај младите заедно со дргите вредности; упорност, храброст, љубопитност и дружељубивост; кои ги поседува главниот лик - Бојан.
Инстаграм: https://www.instagram.com/milicavanilica13/
Good day Miss. Masha I wish to inform you that you did a really good job on this.
ReplyDeleteI hope to see more of your work and I hope your dream comes true UwU.
-Tofu
I like your mother g
ReplyDeletethis is amazing :D
ReplyDeletethanks :)
ReplyDeleteyou help me.
so e voa
ReplyDeletedrainer li si?
ReplyDelete