Хаклбери Фин
Марк Твен
*Ова е втор дел. Првиот дел е со наслов Том Соер. Но како што е спомнато и на почетокот на книгата не е потребно прво да се прочита таа.*
Мојот Overall Rating:
3/5 ѕвездички
Забелешки:
*spoilers ahead*
Почетокот на книгата ми беше многу досаден, што е лошо кога пишуваш книга затоа што за малку не се откажав и не ја оставив книгата. Но, затоа што Том Соер ми беше многу интересна си реков да и дадам шанса и на Хаклбери Фин. Е сега почетокот беше досаден затоа што не се случуваше ништо посебно, кај вдовицата Даглас, и кога се врати таткото на Хак и се тоа. Па и кога со Том Соер и другите две деца беа на островот и направија дружина беше досадно. Но кога Хак избега почна да станува повозбудливо.
Но, морам да признаам дека, највозбудливи ми беа последните неколку глави кога Хак и Том Соер заедно пробуваа да го ослободат Џим. Има нешто кај нивните заеднички авантури што ми е повозбудливо од кога се сами. Иако Хаклбери беше досаден и сакаше да му се противи на Том кога тој смислуваше непотребно комплицирани планови. Мислам, тоа е реално, ама сепак Хак беше kinda досаден.
Една огромна забелешка и поплака за книгата е што немаше романтични елементи. Во книгата Том Соер барем Том пробуваше да ја придобие Беки Тачер. А јас секако, затоа што сум премногу голем sucker за романтика секогаш барам барем малце романтика во романите. Мислам, ќе беше кул ако Хак си најдеше некоја девојка или на пример ако се вљубеше во некоја од едно од гратчињата кои ги посетија. Па на пример цел пат да мислел на неа и на крај да и пишел писмо и да се сретнеле или нешто така. Колку убаво би било тоа, нели?
Инаку книгава е солидна. Како класика, а и лектира. Но морам да признаам дека да не ни беше лектира може никогаш немаше да ја прочитам и сум glad што ни е на списокот за лектири. Сепак вредеше да се прочита.
Дали ви ја препоручувам книгата да ја прочитате? Да, зошто да не.
И секако ако имате мислења поразлични од моите за оваа книга би била и повеќе од среќна да ги слушнам и да подискутираме за содржината. Слободно коментирајте на овој blog post или пишете ми на Instagram. И секако ако имате предлози за книги кои треба да ги прочитам, кажете ми ги затоа што јас секогаш барам нови книги кои би гм додала на мојот book bucket list.
No comments:
Post a Comment