Sunday, September 22, 2019

Марта - Горјан Петревски

Марта
Горјан Петревски


Мојот overall rating:
2/5 ѕвездички

Забелешки:
*spoilers ahead*

Долго време посакував да ја прочитам книгата откога наставничката ни ја зададе како лектира. Од тоа што имав слушано за неа беше интересна со невообичаени тинејџерски содржини кои никогаш до сега не сум ги сретнала во лектири. И секако лектирите се најчесто досадни, но оваа посебно ме заинтригира уште кога ги прочитав првите неколку страници. И не беше до пишувањето и стилот, (на што ќе искоментирам подоцна) туку до самата приказна и plot-от во книгата.
Ако некој не е запознаен со темите опфатени во ова прекрасно литературно дело, како поважен проблем е прашањето кој и е татко на Марта, убаво девојче, израснато само од нејзината мајка, Бисера. Потоа следи еден од попатните проблеми - Борко, другарот на Марта кој е вљубен во неа и пробува да и помогне да го најде татко и. А исто така важна улога во книгава има и Витан, наречен Витез, кој пробува да и го фати вниманието на згодната Марта. Но, Витез е познат по својата репутација на срцекршач и Борко тоа многу добро го знае. И Марта не е заинтересирана во момчето со моторот, но по една случка, кога ќе биде обиколени од некои постари момчиња со лоши намери Витез, ќе се покаже вистински Витез на бел коњ и ќе ја спаси Марта, која ќе најде утеха кај нејзиниот спасител. За жал, Витан не е ништо повеќе од измамник, затоа што момчињата кои сакале да ја нападнат Марта биле неговите другари, дел од неговата банда.
И до тука се беше нормално, ништо неочекувано. Мислам, нели, како за во лектира за осмо. Ама ете потоа стасува до делот кога Марта и Борко ќе се искараат, Витан ќе го претепа Борко и ќе ја земе Марта кај него дома. Притоа, со план во ум, да има секс со Марта (во лектира да има вакво нешто? Да. Еве баш во Марта е споменато силувањето). Секако малата Мартичка, кија е an oblivious little shit, не знае што и се спрема. Кога го одбива Витез тој со сила пробува да ја соблече се додека Марта не успее да се извлече и избега.
Но Марта не е комплетно спасена. Дома ја чека една многу налутена мајка која не е задоволна од однесувањето на Марта во последно време. И тука се појавува нешто уште пострашно од силување. Самоубиство.
Да, така е. Марта ќе биде толку разочарана во себеси, па ја донесува прекрасната одлука да си ја исече косата, да напише писмо до Борко и да набута различни апчиња, притоа заклучувајќи се во својата соба. Мајката ќе ја најде Марта со пена во устата и ќе викне амбуланта. Девојчето завршува во болница спасена од смрт и така све тоа татко и доаѓа затоа што Борко помогнал да го најдат и сите живеат среќно до крајот на животот.
Проблемот со книгата беше ужасниот начин на пишување и селекција на зборови. Знаете како во некои книги авторот пробува да биде relatable и модерен и го користи вокабуларот на модерната генерација. Само што обично нивните вокабулари се полни со пцовки и непристојни зборови. Секако тоа не може да се содржи во една литературна книга од македонски автор напишана во 1989 година па мора да се направат неколку промени со тоа што ќе звучи како тинејџерски, уличен говор. Ама и тоа не беше најлошото. Туку нели во некои книги ставаат наводници на одредени зборови како на пр: „"Спасителот" на Марта ја одведе до паркчето кое му беше вообичаеното место за излегување.„ Е незнам за вас, но кога јас читам во себе секако, ја менувам интонацијата при читање различни реченици. Па природно, при читање на нешто во наводници го акцентирам целиот збор на некој чуден начин (не можам да го објаснам). И тоа не ми е проблем. Но оваа книга имаше тоооооооолку мноооооооогу вакви зборови во наводници. Беше толку obnoxious. И незнам дали тоа е некој мој личен проблем, или навистина и други луѓе ги живцира. Но поради ова книгата на моменти стануваше неподнослива, до толкав степен, што ми одеше да ја искинам.

И озбилно, да не беше толку лошо напишана, можеби и ќе и дадев 3 ѕвезди.
Anyways книгава ја прочитав пред некое време и веќе долго време сакам на напишам post за неа. А после тоа причитав и уште една книга која ме чека за review. Ама тоа не е битно сега. Но, навистина незнам дали вреди да се чита Марта, освен како лектира за школо. И покрај невообичаената приказна која не беше толку лоша, книгата ме живцираше и ми одеше на нерви.

Дали ви ја препорачувам книгата да ја прочитате? Не баш. Посебно ако имате кратко трпение како мене и имате проблем со македонски книги.

А кога сме веќе кај лоши македонски книги, ако сакате лоша македонска тинејџерска литература најдете ја „Супер Девојче„ од Томе Арсовски. Можеби и ќе се решам да ја прочитам некогаш пак за да напишам нешто за неа.

Како и да е, ако сте ја прочитале Марта и сакате да дискотирајте, слободно коментирајте што мислите за книгата или пишете ми на Instagram и оставете ми некои предлози за следна книга. Во моментов ништо не читам и со задоволство би прифатила некоја препорака.


Saturday, August 31, 2019

Хаклбери Фин - Марк Твен

Хаклбери Фин
Марк Твен


*Ова е втор дел. Првиот дел е со наслов Том Соер. Но како што е спомнато и на почетокот на книгата не е потребно прво да се прочита таа.*


Мојот Overall Rating:
3/5 ѕвездички

Забелешки:
*spoilers ahead*

 Почетокот на книгата ми беше многу досаден, што е лошо кога пишуваш книга затоа што за малку не се откажав и не ја оставив книгата. Но, затоа што Том Соер ми беше многу интересна си реков да и дадам шанса и на Хаклбери Фин. Е сега почетокот беше досаден затоа што не се случуваше ништо посебно, кај вдовицата Даглас, и кога се врати таткото на Хак и се тоа. Па и кога со Том Соер и другите две деца беа на островот и направија дружина беше досадно. Но кога Хак избега почна да станува повозбудливо.
 Но, морам да признаам дека, највозбудливи ми беа последните неколку глави кога Хак и Том Соер заедно пробуваа да го ослободат Џим. Има нешто кај нивните заеднички авантури што ми е повозбудливо од кога се сами. Иако Хаклбери беше досаден и сакаше да му се противи на Том кога тој смислуваше непотребно комплицирани планови. Мислам, тоа е реално, ама сепак Хак беше kinda досаден.
 Една огромна забелешка и поплака за книгата е што немаше романтични елементи. Во книгата Том Соер барем Том пробуваше да ја придобие Беки Тачер. А јас секако, затоа што сум премногу голем sucker за романтика секогаш барам барем малце романтика во романите. Мислам, ќе беше кул ако Хак си најдеше некоја девојка или на пример ако се вљубеше во некоја од едно од гратчињата кои ги посетија. Па на пример цел пат да мислел на неа и на крај да и пишел писмо и да се сретнеле или нешто така. Колку убаво би било тоа, нели?

Инаку книгава е солидна. Како класика, а и лектира. Но морам да признаам дека да не ни беше лектира може никогаш немаше да ја прочитам и сум glad што ни е на списокот за лектири. Сепак вредеше да се прочита.

Дали ви ја препоручувам книгата да ја прочитате? Да, зошто да не.

И секако ако имате мислења поразлични од моите за оваа книга би била и повеќе од среќна да ги слушнам и да подискутираме за содржината. Слободно коментирајте на овој blog post или пишете ми на Instagram. И секако ако имате предлози за книги кои треба да ги прочитам, кажете ми ги затоа што јас секогаш барам нови книги кои би гм додала на мојот book bucket list.


Saturday, August 17, 2019

Добро размисли - Сара Млиновски

Добро Размисли
Сара Млиновски


*Ова е втор дел. Првиот дел е наречен И не помислувај на тоа. Но лесно е да се разбере содржината и без да се прочита првиот дел (како што јас не го имам прочитано)*


Опис:
(преведено од српски)

 Има ли нешто полошо од неочекувани телепатски моќи додека си средношколец? Да, полошо е кога како средношколец владееш со телепатија, а потоа ќе ја изгубиш.
 Бевме само обични тинејџери во Њујорк. А потоа, во втора година средно, добивме грип од кој развивме телепатски моќи. Да, телепатија. Можевме да читаме мисли, а тоа и не беше секогаш пријатно.
 Пробавме да ги скриеме нашите телепатски моќи од сите, но вестите полека се ширеа додека не знаеја сите за нашите натприродни способности. Професорите, пријателите, Њујорк пост. Бевме ѕвезди. Имавме дури и свои фанови.
 Сега сме матуранти, и сите имаме планови за после матура кои ја вклучуваат нашата телепатска моќ.
 Кога еден по еден ќе почнеме да ја губиме телепатијата, знаеме дека мораме нешто да превземеме. И тоа веднаш. Со помошта на најпаметниот ученик би требало тоа да е лесно пред да е прекасно, така? Или ќе биде потребно повторно да се научиме да живееме без нив.

Мојот overall rating:
5/5 ѕведички

Забелешки:
*spoilers ahead*

Книгата започнува со мејл од Сузана Дејл која подоцна се открива дека е наставничка на одделението со телепатија. Во мејлот се спомнува некаква операција Дијамант. А подолу се наброени дваесет личности, ученици со телепатија од средното учулиште Блумберг. За секој ученик се напишана по неколку реченици со кои не запознава со карактерот на ликот. И кај сите е забележано дека Дејл не ги препорачува за таа операција поради одредени причини. Освен кај Поли Јамаура (Пи) која е препорачана за тој проект.
Е сега, иако ние не знаеме за што станува збор или за каде се или не се препорачани учениците ова беше корисен податок поради тоа што не запознава со ликовите во книгата. Секако и со овие податоци за нив, ми беше тешко да ги запамтам имињата и карактерите на 20 различни тинејџери. Но да, овој вовед помогна.
Исто така на почетокот од книгата, т.е. првата глава има како краток backstory за што се случило во претходната книга, како ги добиле моќите и се тоа. Корисно, за оние кои ја немаат прочитано првата книга. И уште еден корисен елемент на почетокот како нешто битно за вовед е тоа што се спомнати идните плановите на сите невообичаени.
Авторката многу ја бива во пишување и смислување интересни дијалози. Посебно ми се допаѓаа разговорите помеѓу сите со телепатија кои ги водеа во нивните глави. Каде што цело време сите се мешаа и можеше да се слушне се што мислат другите, важно или неважно за темата на разговор. А се смеев многу и кога погрешка ќе ги прочитаа мислите на наставниците или на непознати луѓе затоа што нивните мисли понекогаш се толку рандом а комични. И секако не секогаш она што сакале да го слушнат.
А како работи телепатијата е многу интересно поради тоа што кога некој носи очила со затемнети стакла не можеше да му ги прочитаат мислите, а кога носи очила со диптрија можеа да му ги слушаат уште појасно и со затворање на очите се прекинува врската. Ова секако не е вообичаено како би замислиле да е телаптска моќ. Многу креативно. Браво.
Џордана беше прва која ги изгуби моќите и беше потенцирано дека ги изгубила поради голема и силна главоблка. Секако ова ме натера да си размислам што би можело да ги предизвика главоболките и губењето на моќите. А малку се разочарав кога никогаш не се потенцираше овој очигледно важен податок со главоболките.
Да продолжиме. Раскажувачот кажа како на почетокот 24 ученици добиле телепатија. Па зошто тогаш се 20 сега? Епа подоцна и тоа беше адресирано, дека останатите четворицата или ги изгубиле моќите поради дрога/лекови или своеволно се откажале од нив.
Кога ја купив книгата си помислив дека можеби целата книга ќе биде посветена само на телепатијата и како да се поврати, што би можело да биде интересно, но и многу досадно. Е авторката добро постапила што книгата не беше единствено фокусирана на тој проблем, туку раскажуваше и ги следеше животите на неколку од тие тинејџери. Не сите, секако затоа што 20 деца е голем број, но неколку. Седуммина да речеме. И тоа ми се допадна затоа што во оваа научно фантастична книга имаше и елементи од тинејџерскиот живот и проблемите со кои се соочуваат.
Големо прашање при читање на книгата ми беше кој е нараторот. Затоа што очигледно тој/таа беше еден/а од учениците со телепатија, поради тоа што кога збореше за нив во множина користеше зборови како ние и наше. А немаше некој невообичаен за кој не збореше во трето лице. Па си реков ќе треба оваа мистерија да почека до крајот на книгата за да се разреши. И за среќа на крајот дознавме кој е нараторот - Брин. Девојката која се облака чудно, сака мечување и јаде многу банани. Но повеќе за неа подоцна.
Е сега да се фокусираме на наголемиот проблем - знаев дека Пи (најпаметната од одделението од која побараа помош) нема да успее на сите невообичаени да им ги спаси моќите и покрај тоа што многу ќе вложи во експериментот. И тоа иако беше малку тажно, беше реалистично и не како во некои книги каде на крајот сите ќе се спасат и се ќе биде добро и ќе имаат среќен крај.
И уште малку како за крај. Знаев дека Купер и Оливија нема да издржат заедно до крајот, а ги ship-нував Пи и Џон и јееј тој ship успеа. Иако имав теорија дека барем неколкумина ќе си ја спасат телепатијата, а меѓу нив да е и Пи, тоа не се случи. Напротив и последните петмина кои останаат со телепатија ја изгубија за време на мутрската вечер. Секако иако повеќето и без моќи се придржија на првобитните нивни планови, некои како Пи која се откажа од Дијамант, или Џордана која се откажа од сонот да има ријалити шоу направија мали, или, поголеми промени во плановите.
А да не збориме за Брин, која испадна да е раскажувачот. Да, Брин. Токму онаа за која скоро ништо не знаевме сем тоа дека е чудна и јаде многу банани. Ова само по себе беше зачудувачки, па уште кога кажа дека си ја зачувала моќти и дури и седум месеци после матурата ја имала телепатијата посилна од било кога. На момент си помслив дека писателката направила грешка. Памтев дека на крајот пишуваше дека сите до еден ја изгубиле телепатијата. Па што е ова? Грешка? Или можеби лошо сум прочитала. Но се навратив, и токму во 27 поглавје пишува: (преведено од српски) „Брин ни ја соопшти веста на матурската вечер, но ништо не сакаше подробно да раскаже..." и „со црниот фустан носече очила са сонце со мачкаст облик - „ако јас неможам да ви ги читам мислите, неможе ни вие на мене„" Значи всушност излажала, и затоа не скала да и ги прочитаат мислите дека лаже и не сакала да раскаже како ји изгубила поради тоа што НЕ ЈА ИЗГУБИЛА. И причината поради која си ја спасила телепатијата е нај неверојатен. Поради бананите. Да, така е, калиумот во бананите и ја спасиле телепатијата а сите други витамини и суплементи кои ги пиела само и ја појачале. Basically можела да слуша на далечина (секаде низ светот поточно), да слуша преку ѕидови, да им наредува на луѓето со тоа што ќе им насади наредби во главата и да овозможи преку неа да разговараат телепатски и обични луѓе. И се ова поради бананите која „ги грицкала како да се чипс„ (е оваа фраза морам некогаш да ја искористам). Нај неверојатен крај. Вакво нешто никогаш не би ми текнало. А уште па тоа дека станала шпион во Дијамант каде всушност Пи требаше да биде шпиун.

Уф, wow каква книга. И покрај смешниот неочекуван крај (кој всушност премногу ми се допадна) беше altogether одлична книга. Од дијалозите, па мислите на луѓето, целата таа телепатија и како све тоа работи, нивните проблеми покрај губење на моќите, па до експериментот и крајот. Јас сум фасцинирана.

Дали ја препорачувам да ја прочитате ако сеуште не сте? Hell yes.

А ако имате некои свои мислења за книгата кои се различни од моите, некои теории или објаснувања или работи кои сум пропуштила да ги спомнам оставете коментар или пак пишете ми на инстаграм во dms и слободно препорачајте ми некои книги ако имате затоа што секогаш барам нови книги за читање.